Почуден концерт на Сузана Спасовска немаме видено

Годинава во населбата Железара повторно се одржа социјалниот мултимедијален фестивал „КомшиLook“, кој започна во 18 часот и донесе посебна атмосфера меѓу соседите. Настапите беа навистина интересни и несекојдневни – пејачите пееја од терасите на зградите, а жителите уживаа во музиката од своите дворови, балкони и улици.

„КомшиLook“ е фестивал кој се стреми да негува заедница во која да се биде добар комшија е синоним за да се биде одговорен граѓанин. Настапија бројни пејачи и ликовни уметници, кои со својата уметност придонесоа за создавање на топла и пријателска атмосфера во населбата.

Меѓу учесниците беше и македонската пејачка Сузана Спасовска, која со својот настап ги воодушеви присутните. Во продолжение можете да погледнете дел од нејзиниот настап преку видеото.

 

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *