Подгответе си марамчиња: 10 емотивни приказни кои нѐ потсетуваат за моќта на човечкото сочувство и љубовта

Во свет често исполнет со хаос и неизвесност, некои приказни служат како извор на надеж. Со нив, можеме да видиме дека дури и во најтемните времиња, постојат моменти на длабока убавина и добрина.

 

1.

Го прашав дедо ми дали ќе може да ме однесе до аеродром, но потоа ми падна криво затоа што тој не сака да вози навечер, па си резервирав такси. Само што му кажав на дедо ми дека ќе одам со такси и тој ми рече дека едвај чекал да ме носи и да ме земе од аеродром. Па го откажав таксито за тој да може да ме носи.

2.

Мајка ми само што го извади автомобилот од под купот снег и конечно тргнавме кога видовме две мали девојчиња како одат сами на снегот. Мајка ми им понуди превоз, но тие одбија. Тогаш таа им ја даде нејзината нова капа, шал и ракавици. Имав 5 години и уште се сеќавам на тоа како вчера да беше.

3.

Некое време се прашував зошто нашата микробранова престануваше да работи на 2 секунди пред крајот. Тогаш дознав дека маж ми не сакал да ме разбуди кога си прави доручек наутро па секогаш ја стопирал баш пред да испушти звук дека е готово.

4.

Еднаш неделно земам едно 8-годишно девојче од училиште. Татко ѝ, самохран татко, работи до доцна навечер така што многу често јадат надвор. Кога е ај мене јас гледам да зготвам да јаде нешто домашно за вечера. Татко ѝ вели дека таа потоа зборува една недела за тоа јадење.

 

5.

Кога почина баба ми, ја сонував како ми кажува дека секој пат кога ќе видам жолта пеперутка тоа е таа која ме чува. Гледам многу жолти пеперутки години наназад.

6.

На третиот состанок со еден дечко, ме удри автомобил кога си одев накајдома и заборавив на поголемиот дел од состанокот, вклучувајќи го и првиот бакнеж. Но, тој ме посети во болница додека се рехабилитирав и додека да ми се врати меморијата ние веќе бевме во врска.

Сега сме во брак.

 

7.

Мојата ќерка имаше другарка во средно која стануваше многу емотивна кога ќе седневме да вечераме, а таа беше тука. Таа рече дека нејзиното семејство НИКОГАШ не го правело тоа.

8.

Сестра ми си дојде од училиште еден ден и ме праша дали може да ја однесам во библиотеката за да може да земе книги на знаковен јазик. Рече дека во училиштето имало ново дете кое било глуво и таа сакала да се спријатели со него.
Денес стоев покрај неа на нејзината свадба и ја гледав као вели „Да“ на знаковен јазик.

9.

Мојата ќерка има 8 години и обожава да чита. Па ѝ даде на нејзината наставничка листа со книги кои таа ги препорачува. Па настаничката наместо да смета дека тоа е глупаво и да батали, таа едноставно ги чита книгите.

10.

Ќерка ми денес ме праша дали мајка ѝ сѐ уште ја сака иако е почината.
Тоа едноставно ме скрши на 10000000 парчиња.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *