„Погрешка ми ја истетовираа надворешната страна на усната наместо внатрешната. Сега не личам на ништо. Што да правам?!“
Вилма Хагглунд од Шведска сподели снимка за нејзиното ново тетовирање, кое очигледно не одело според планот и ја оставило во агонија и солзи, но прашањето е дали навистина е виновен тој што тетовирал?
Таа ја сакала добро познатата тетоважа во внатрешноста на усната и сакала да пишува „мјау“, но очигледно не се разбрала добро со тату артистот и ја добила таа тетоважа на надворешната страна. Па сега на нејзината долна усна пишува „мјау“.

Пишувајќи на Шведски на Тикток Вилма рече: „Тој истетовира на погрешно место во мојата уста!“
Прикажана е нејзината вистинска тетоважа, која изгледа многу помалку дискретна од нејзината оригинална идеја. Оттогаш, клипот стана вирален, иако многумина се прашуваат како таа не сфатила што прави.

Корисниците коментираа прашувајќи дали била пијана кога се тетовирала
Еден корисник рече: „Дали се онесвестивте? Како не почувствувате дека ве тетовира од надворешната страна“? Зарем не требаше да ја држите отворената усна? КАКО?!“
„Буквално сум лут што едноставно не забележа каде те тетовира“.
„Зошто… Не забележа дека те тетовираат однадвор? Пијана да не беше или што?“

Cuc.
Додека има овци ќе има и волна.
Коментирај анонимно