Полицаец стопира „Ауди Кватро“ (виц)
Полицаец запира автомобил „Ауди Кватро“, во кој се возат петмина, и му вели на возачот:
– Ќе платите казна од 100 марки!
– Зошто?
– Затоа што во автомобилот сте петмина!
– Па што има врска? Дозволено е петмина да се возат!
– Ама зарем не гледате дека на автомобилот пишува QUATTRO?
– Па што ако пишува?!
– Е па, ако пишува QUATTRO, не смеете да бидете петмина!
– Ајде, викнете го вашиот колега!
– Тој е зафатен, казнува двајца во едно „Уно“! 😂

Коментирај анонимно