Полициските сили воведоа заштитни елеци за кучиња откатко германскиот овчар Аксл, бил прободен три пати помагајќи им на полицајците

Откако полицијата во Дербишир видела дека едно куче, од нејзиниот тим за кучиња, Аксл, бил избоден три пати што бил „речиси убиен“, се одлучиле да ги воведат овие елеци.

На германскиот овчар, Аксл, итно му биле потребни две операции за спасување на животот во 2018 година.

Кучешките елеци ќе ги заштитат од ножеви и други потенцијално опасни оружја како бодликава жица. Полицијата соопшти дека заштитната опрема е лесна, има технологија за ладење и е удобна за кучињата да ја носат за време на стресни мисии.

Полицискиот службеник Блејн Молој рече: „Не е лесно да се испрати куче за да спаси некого, постои ризик дека тие ќе се повредат или уште полошо. Сепак, затоа постои делот за кучиња, да ги заштитиме сите други. Но, сè уште треба да ги заштитиме и нашите кучиња, така што се чувствуваме многу подобро кога знаеме дека ја имаат оваа заштита сега“.

Аксл целосно закрепна, но се повлече од работа во полициската служба во ноември 2019 година. Неговото пензионирање беше шокантно бидејќи Аксл помина шест години работејќи во полициската станица во Дербишир и фати безброј криминалци, вклучително и убиец во бегство.

Му била доделена и пофалница за посветеност на должноста и храброст, откако тој скокнал во вода по осомничениот каде што бил трипати прободен со нож.

Метју Стреч призна дека го повредил полициското куче, како и многу други прекршоци и беше затворен на шест години и седум месеци пред судот во Дерби.

Тој после пензионирањето живее на село, со полициската службеничка Карен Пајкет, која што ги вдомува пензионираните полициски кучиња.

Г-ѓа Пајкет рече: „Тој го знае само тој живот, да работи, и затоа пензионирањето беше огромна промена за него, но тој добро се смирува и научи да ни верува. Се чувствуваме многу среќни што го имаме, тој е наше бебе и максимално го разгалуваме!“

Аксл моментално е поддржан од Фондацијата „Thin Blue Paw“, која ги покрива трошоците за здравствена заштита за пензионираните полициски кучиња.

Набргу откако го посвоила, на Аксл му била потребна операција, која чинела 1.000 фунти. Тие сами ја платиле таа операција, но потоа слушнале за фондацијата „Thin Blue Paw“ и веднаш се пријавиле.

„За среќа, сè уште не сме морале да бараме ништо, но тој ден може да дојде и да ни даде мир на умот. Знаете кога ќе ги земете овие кучиња дека може да има проблеми поради нивната раса и животите што ги воделе, знаевме дека ќе треба да ги покриеме трошоците. Но, да се има добротворна организација таму ако се појави нешто сериозно е огромна удобност“. – рече г-ѓа Пајкет.

Аксел не зема пензија и нема никаква државна поддршка после пензионирањето, што според Пајкет е неприфатливо.

„Полицајците добиваат пензии, сигурно може да се одвои нешто и за кучињата? Тие заслужуваат да бидат згрижени кога ни дадоа толку многу од својот живот. Работат 12-часовни смени, шест дена или ноќи неделно, тоа е тежок живот“.

Но сепак сега Аксл има многу полесен живот и г-ѓа Пајкет е среќна што е нејзино домашно милениче и ужива со него.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *