Популарното чоколадо Boner Bears повлечено од продажба поради присуство на Виагра
Американската агенција за храна и лекови (FDA) соопшти дека забележала недекларирана активен состојка во чоколадо за сексуално подобрување, Boner Bears Sex Chocolate, поради што производот е итно повлечен од продажба. Лабораториската анализа потврдила дека чоколадото содржи силденафил, активната состојка на лекот Виагра, која воопшто не била наведена на етикетата. Овој производ најчесто се продава на интернет и во продавници за возрасни, со ветување за подобрување на либидото и сексуалната способност.

Содржина:
- Производителот JXK Enterprises доброволно ја повлече серијата #BB21125 од чоколадата Boner Bears
- Загрозени се лица со срцеви заболувања, дијабетес и висок крвен притисок
- Компанијата апелира купувачите веднаш да престанат со употреба и да побараат поврат на средствата
- Boner Bears повторно во центарот на скандалот – и претходно повлекуван поради скриени состојки
- Виагра може да биде опасна за некои, но според истражувањата може и да лекува други заболувања
Производителот JXK Enterprises доброволно ја повлече серијата #BB21125 од чоколадата Boner Bears
JXK Enterprises, производителот на Boner Bears, објави повлекување на партијата #BB21125. Таа серија се состои од 22-грамски индивидуално спакувани чоколади со рок на траење до февруари 2026 година. Црната обвивка на чоколадото ги содржи пораките „брз ефект, најсилна моќ“ и „3 дози во едно чоколадо.“ Ниту една друга серија или производ не е вклучен во повлекувањето.
Загрозени се лица со срцеви заболувања, дијабетес и висок крвен притисок
FDA предупредува дека производи со недеклариран силденафил можат сериозно да го загрозат здравјето на потрошувачите. Особена опасност постои за лица кои земаат лекови од групата нитрати, како што е нитроглицерин, бидејќи комбинацијата со силденафил може да го намали крвниот притисок до опасно ниско ниво. Ова ги изложува на ризик луѓето со дијабетес, висок крвен притисок, висок холестерол и/или срцеви заболувања.
Компанијата апелира купувачите веднаш да престанат со употреба и да побараат поврат на средствата
Компанијата засега нема примено пријави за несакани реакции поврзани со ова повлекување. Потрошувачите кои купиле чоколадо Boner Bears од серијата #BB21125 се повикуваат веднаш да престанат со употребата и да контактираат со JXK Enterprises за поврат на средствата.
Boner Bears повторно во центарот на скандалот – и претходно повлекуван поради скриени состојки
Ова не е првпат марката Boner Bears да се најде под лупата на FDA. Во февруари биле повлечени сите серии од Boner Bears Chocolate Syrup поради пронајден недеклариран силденафил. Производите се наоѓаат во слободна продажба, најчесто преку сајтот elyxr.com, кој продава производи за сексуално подобрување, канабиноиди и печурки.
Виагра може да биде опасна за некои, но според истражувањата може и да лекува други заболувања
Иако силденафил може да биде опасен за одредени лица, бројни истражувања покажуваат дека оваа супстанца може да помогне и во превенција на срцеви болести, инфаркт, мозочен удар и дијабетес, како и за лекување на симптоми на зголемена простата. Претходни истражувања укажуваат дека лековите за еректилна дисфункција можат да го намалат ризикот од Алцхајмерова болест, да помогнат кај жени со симптоми на ПМС, па дури и да лечат Лејова болест кај децата.


Коментирај анонимно