Порака од небото! Семејство пронашло порака во шише напишана од нивниот покоен син пред 33 години

 

„Мислам дека тоа на некој начин го враќа во живот“.

 

Во 1989 година, 11-годишниот Брајан Дал немал поим дека пораката во шишето што го фрлил во морето во близина на Оксфорд, Мисисипи, еден ден ќе бидат последните зборови што светот ќе ги слушне од него. Но неговото семејство верува дека неговата порака била испратена од небото.

 

Сè започнало минатиот април кога Били Мичел од „Big River Shipbuilders“ видел зелено шише во водата. „ Секогаш барам работи што се уникатни. Му реков на мојот другар, реков: „Има порака во ова шише!“ – изјави Били.

Мичел го грабнал шишето од океанот и 30 минути подоцна нежно ја отстранил пораката внатре. Поголемиот дел од писмото било уништено, но тој успеал да го состави името Тал (блиску до Дал), 1989 година и локацијата на Оксфорд, Мисисипи, сето тоа со детски ракопис.

„Мојот прв инстинкт беше да играме детектив. Ајде да го направиме ова и да го најдеме ова дете“, изјави Браб, службеник во Биг Ривер.

Момците од Биг Ривер објавија фотографија од белешката на Фејсбук. Неколку дена по објавувањето на сликата, д-р Ерик Дал добил телефонски повик од некој кој му кажал за објавата. Мелани Паркер Дал потоа остави коментар на објавата.

Зачудувачки е што се случи“, рече Ерик. „Добиваме порака 33 години откако Брајан ја ставил во реката. Тоа е како нешто во фиктивен роман или нешто што би го виделе на телевизија“, продолжи Ерик. „Да се ​​види ракописот на Брајан од 11 или 12 години – беше чудесно.

Брајан бил спортист кој го победил ракот во еден момент од животот, но починал по несреќа дома на млада возраст од 29 години.

„Тоа беше подарок од небото. Ние сме семејство кое се моли и ова е дел од Божјата промисла“, рече Ерик.

Пораката во шише беше дел од проект за шесто одделение.

„Имавме излет“, рече неговата наставничка од шесто одделение, Марта Барнет, сега 82-годишна. Ги испуштивме нашите шишиња во водата и многу години не слушавме ништо“, рече Барнет од нејзиниот дом во Оксфорд, Мисисипи. Шишето плутало над 300 километри до реката Јазу во Виксбург, Мисисипи.

Ерик, неговата сопруга Мелани и нивниот син Крис патувале до бродоградилиштето во Виксбург за да се сретнат со работниците кои го нашле шишето и да го однесат проектот на нивниот син дома. За нив беше емотивен моментот кога ја видоа белешката.

Мелани изјави дека Брајан има прекрасна смисла за хумор, па нема сомнение дека би сакал да знае дека неговата порака е примена. Веројатно не ни помислувал дека неговото семејство некогаш ќе ја види пораката, па може да се претпостави дека писмото е упатено до странец некаде во далечна земја.

„Кој некогаш би замислил дека ова ќе се случи? рече Барнет. „Мислам дека тоа на некој начин го враќа во живот“.