Пораката на 10-годишно момче од Сплит го освои интернетот
Порака оставена од 10-годишно момче во една станбена зграда во Сплит стана хит на социјалните мрежи. Во неа, детето им се обраќа на соседите и нуди мали услуги за да си заработи сопствен џепарлак.
Во огласот наведува дека за едно евро ќе го изнесе ѓубрето или ќе направи мала набавка, а за две евра ќе прошета мало куче. На крајот додава дека со задоволство ќе помогне и за други ситни обврски.
Фотографијата беше споделена на Редит, каде предизвика бројни позитивни реакции. Многумина го пофалија момчето за неговата иницијативност и желбата уште од мали нозе да научи како самостојно да заработува, додека дел од коментарите беа и хумористични. Огласот за кратко време стана еден од најсподелуваните содржини на социјалните мрежи.

Коментирај анонимно