Поранешен член на полигамен култ ги одговара најчесто поставуваните прашања за инцестот таму: „Мајка ми и татко ми беа брат и сестра!“

Поранешен член на полигамен култ откри каков му бил животот во неговото семејство во кое владее инцест.

Објаснувајќи сè во видеото на „Јутјуб“, водено од Аманда Реј, исто така поранешна членка на култот, Џо Робинсон долго зборуваше за застрашувачката вистина на култот во кој пораснал во Солт Лејк Сити. Тој бил дел од мормонскиот култ, групата Кингстон, позната и како Редот, а неговите родители биле полубраќа и сестри.

 

 

 

Култот практикува полигамија, при што членовите минуваат низ тестовите на крвта за да видат со кои членови на семејството би можеле да се венчаат и да го постигнат својот брак.
Џо откри дека сите во неговото семејство, сите кои потекнуваат од патријархот Даниел, кој имал 157 деца со 14 сопруги, требало да направат тест на крвта за да се утврди со кои членови на поширокото семејство би можеле да се спојат.

Тој објасни: „Бев кај мајка ми, сите наредени ја тестираа крвта и потоа си заминаа“.

Потоа следел одговоро: „За да видиме со кого можете да се омажите“.

 

 

За да додаде уште повеќе драма на ситуацијата, тој имал само 10 години кога сето тоа се случило, велејќи дека сите биле „отворени“ за ситуацијата со нив како деца.

Аманда изјавила дека не се сеќава дека поминала низ истото, иако тоа го припишува на фактот дека можеби била премногу млада за да се сеќава, бидејќи нејзините пријатели исто така правеле тестови – иако вели дека според нејзините сознанија, нејзините родители не се поврзани.
Двојката потоа одговори на често поставуваното прашање за децата родени преку инцест и за деформитетите коишто може да се случат.

 

 

 

Според него, тоа било особено забележливо во семејството на Џо, бидејќи не само што неговите родители биле полубраќа и сестри, туку и неговиот татко се оженил со не една, туку две од сестрите на неговата мајка.

Аманда, исто така, се присети: „Видов како да се раѓаат деца без уши и слични работи, но ретко кога навистина видов потешки деформитети“.

Џо имал 20 години кога засекогаш го напуштил култот, откако неговата мајка починала од рак.

„Имав една љубов што ја имав во Редот, се разбира таа беше моја братучетка. Бидејќи сите што ги познавате се некој со кој сте поврзани“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *