Поранешен светски шампион во бокс му покажа КАКО ТРЕБА на интернет насилник што го малтретирал со години: „Беа потребни помалку од 30 секунди за да сфати каде му е местото“
Ако сакате да навредите некого на интернет, навистина треба да бидете подготвени на последиците – особено ако човекот што го измачувате е поранешен светски шампион во бокс.

Токму тоа се случи кога Гевин „Карпата“ Рис се соочи лице в лице со момче кое мислеше дека немилосрдното малтретирање на социјалните мрежи е добра идеја. Велшанецот (44) е поранешен светски шампион на ВБА во суперлесна категорија, кој се бореше со Адриен Бронер и Ентони Крола во боксерската кариера на 43 меча. Шампионот се повлече од спортот 16 години по неговото професионално деби по победата над Гери Бакленд на Интернационалната Арена во Кардиф во 2014 година.
Но, откако стана жртва на упорно „тролање“ на Интернет, Рис реши да се справи со ситуацијата на најдобар начин. Рис го покани човекот во рингот. Како што може да претпоставите, ситуацијата не заврши добро за насилникот.
Рис сподели снимка на „X“ уште во март 2020 година и покажа како поранешниот светски шампион успеа да го стави момчето во ред за 40 секунди. Да бидеме искрени, мистериозниот човек навистина упати неколку удари- но за спортистот од Велс тоа беше лесна победа.
Рис објасни во натписот: „Во последните 4 години бев постојано малтретиран на „Фејсбук“. Беа потребни помалку од 30 секунди за да се реши работата. Размислете пред повторно да ја отворите устата. Овој старец сè уште не е надвор од игра”.
Снимката очигледно предизвика голема врева на социјалните мрежи и стана вирална, бидејќи луѓето му аплаудираа на Рис за справување со ситуацијата.

Коментирај анонимно