Поранешна свештеничка открива како сега е „sugar baby“ и заработува 100.000 долари месечно со нејзината содржина за возрасни

Мајка на три деца, која од свештеничка стана креатор на содржини за возрасни со полно работно време, вели дека не ѝ е грижа што велат луѓето за нејзината кариера – инсистирајќи дека е горда за тоа што го прави затоа што може да го издржува своето семејство.

 

Никол Мичел работи како „модел за возрасни“, но неодамна влезе во светот на луксузните состаноци – добива плата за да оди на состаноци и заработува некаде од 30.000 до 100.000 долари месечно.

„Јас сум милионерка со моите содржини за возрасни“, триумфално изјави Николе.

 

Никол, која создава содржини за возрасни околу пет години, рече дека тоа започнало како начин да го врати своето тело по години репресии со нејзиното религиозно воспитување, како и како средство за грижа за нејзиното младо семејство.

„Кога првпат започнав со содржините за возрасни, навистина ми требаше да вежбам самоизразување, враќајќи го своето тело откако цел живот никогаш не ми беше дозволено да го правам тоа“, призна таа.

Никол има свршеник кој не го споделува на интернет – но доби и бурни реакции затоа што ги сподели лицата на нејзините деца и им дозволи на нејзините обожаватели да им купат подароци.

Иако е категорична дека сака да го скрие лицето на својот вереник, таа сака да зборува за своите деца – што е контроверзна одлука.

„Ги чувам мојот работен и мојот личен живот одвоени. Ги сакам моите деца, се фалам со моите деца – многу се гордеам со нив. Тешко ми е ѝ, всушност е невозможно да не зборувам за нив“.

 

Никол ги дели ќерките Мерси (13) и Еден (11), како и синот Јуда (9) со нејзиниот поранешен сопруг, признавајќи дека била „преплашена“ кога првпат се разделиле бидејќи била е самохрана мајка.

Таа почнала крерира содржини за возрасни, и открила дека од тоа може добро да заработува, а сега отишла на следно ниво па обезбедува и луксузни услуги за запознавање“.

„Одам на состаноци, ручеци или вечери и мојата цел е да направам господинот спроти мене да се чувствува како милион долари. Добивам некаде помеѓу 500 и 2.000 долари по состанок“, рече таа за нејзиниот најнов потфат.

Растејќи, Никол рече дека нејзиниот живот бил многу заштитен, конзервативен и религиозен, поминувајќи четири години обука за да биде свештеничка.

„Веројатно тоа беше сосема спротивно од она што е мојот живот денес“, додаде таа.

„Голема пресвртница за мене беше сознанието дека сум квир“, објасни гордата мајка, додавајќи дека во времето кога била „во средината“ на нејзината црковна кариера кога ја открила својата сексуалност и морала да донесе одлука да излезе.

„Морам да ја откријам оваа вистина и ако тоа значи дека ќе ја загубам работата и ќе изгубам одредено семејство и пријатели, колку и да е тоа болно, повеќе би сакала да ме сакаат таква каква што сум“.

 

„Мислам дека луѓето не сфаќаат колку бев сиромашна. Бев на купони за храна скоро 10 години. Не можев да си дозволам ништо, а сѐ уште ми се насолзуваат очите на скоковите во мојот живот кои можеа да ме доведат овде“.

 

 

Иако знае дека ја судат затоа што е мајка на три деца која заработува за живот од правење содржини за возрасни, на Никол не ѝ е грижа.

Мајката додаде дека дала се од себе за да создаде дом и средина што ги поддржува нејзините деца.

„Ние сме многу отворени и искрени и имаме разговори за кои мислам дека повеќето семејства ќе поцрвенат. Толку сум горда на себе како мајка, скршив толку многу генерациски модели во моето семејство. На моето семејство и пријателите тешко им беше да прифатат што работам – тоа беше многу бурно емотивно патување за нас, а сепак јас би го направила тоа одново“.

  • dimce напиша:

    Barem da e najniskata plata 700 evra vo Makedonija,pa kolku tolku da uzivame vo normalen svet i so normalni roditeli.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *