„Поранешната девојка на момчето со кое излегов, влезе насилно кај него дома додека ние двајцата бевме во кревет. Еве што се случи потоа…“
Ени Најт (27) се огласи на „Инстаграм“ за да им каже на своите следбеници за застрашувачкиот момент кога брутално и фрлиле клучеви од автомобил во глава.
Ѕвездата на „Инстаграм“ тврдеше дека спиела со маж, кој бил „обичен“ во нејзиниот список на љубовници, кога неговата љубоморна поранешна девојка влетала во неговиот дом додека имале секс.
Ени објасни дека знаела дека мажот и неговата бивша „не завршиле во добри односи“, но не размислувала многу за тоа додека не се соочила лице в лице со неа. Жената наводно почнала да вреска по Ени и ѝ го фрлила комплетот клучеви во глава.
„Во сред секс, неговата поранешна девојка влезе во неговата куќа и не фати. Ги фрла нејзините клучеви накај мене. Фала богу што имам брзи рефлекси“, се присети Ени.
„Ме удри во раката и ми го повреди прстот. Таа врескаше толку силно, што мислам дека немам слушнато погласно врескање од тоа во цел мој живот. Бев исплашена за мојот живот, навистина.. Дечкото ја нарече психо и ја изнесе надвор“.
Ени продолжи да раскажува како се криела внатре додека ситуацијата не се расчистила и потоа го напуштила домот на момчето.
„Колку и да ми се допаѓа тој човек, мислам дека нема да се вратам со него“, додаде таа.
Ени, која тврди дека е сексуално најактивната жена во Австралија, вети дека ќе го надмине сопствениот рекорд спиејќи со неверојатни 600 мажи во 2025 година.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно