Поранешната про голферка, а сега инструкторка го брани изборот на нејзината оскудна облека за голф. Сигурни сме дека дава квалитетни часови по голф
Пејџ Спиранац им возврати на коментаторите кои го нарекоа нејзиниот стил на облекување „оскуден“.

Од неодамна, Спиранац стана вирална на социјалните мрежи поради нејзината „студија на случај“ за тоа дали таа игра подобро додека носи лесна облека.
Спиранац неодамна во интервју за Sports Illustrated објасни зошто избира такви облеки.
„Бев гимнастичарка пред да се префрлам на голф. Ми беше многу удобно да носам спандекс бидејќи токму тоа го носиш кога носиш трико и се натпреваруваш. Кога се префрлив на голф, се мачевме малку финансиски и затоа немав луксуз да излезам и да купам сосема нова гардероба соодветна за голф. И така, го носев она што беше во мојот плакар, а тоа беше облека за вежбање“.


Спиранац потоа го постави прашањето зошто голферите не носат почесто атлетска облека, имајќи предвид дека сепак тие се спортисти. Таа забележа дека Лукас Гловер се поти во неговата облека за време на настанот на PGA Tour и се прашува зошто голферите не можат само да ја носат својата удобна облека по свој избор.
„Тоа отсекогаш беше мојот начин на размислување кога се занимавав со голф и тоа навистина ги иритира луѓето што е шокантно. Тие ќе имаат навистина интензивни дискусии за тоа дали треба да носат кратки панталони или панталони и слично, а јас сум овде само во блузи или спандекс, а луѓето велат „Што правиш?“ Но, јас го сакам тоа“, рече Спиранац.

Не треба да и замериме на г-џата, не стоела добро со парите! Башка, добро изгледа!
Коментирај анонимно