„Пораснав во Италија и ја анализирам долговечноста 36 години – еве ги 2 диети за долг живот и добро здравје“
Валтер Лонго нагласува дека исхраната е клучен фактор за долг и здрав живот. Неговите истражувања покажуваат дека одредени диети можат да помогнат во регенерација на клетки, намалување на воспаленија и дури подобрување на ефикасноста на третманите против рак.
Еве кои се, според нутриционистот, диетите што придонесуваат за долг живот:
Диета што имитира пост
Оваа диета, создадена од Лонго, трае пет дена и се карактеризира со висока содржина на незаситени масти, ниска калорична вредност, намален внес на протеини и јаглехидрати. Применувањето вклучува 12-часовен пост секој ден, на пример, јадење од 8:00 до 20:00 часот и постење од 20:00 до 8:00 часот.
За пациенти со рак, Лонго препорачува 14-часовен пост во петдневни интервали, но не во периодот на хемотерапија. Студија од 2017 година покажала дека жените со рак на дојка кои постеле 13 или повеќе часа имале намален ризик од повторување на болеста.
Практикувањето на оваа диета два до четири пати годишно може значително да ја подобри здравствената состојба на луѓето кои се хранат според стандардната западна исхрана.
Диета за долговечност
Оваа диета е инспирирана од медитеранската и окинавската исхрана и вклучува:
- Главно растителни состојки
- Ниска количина на овошје, но богата со зеленчук
- Јатки
- Целозрнести житарки (како кафеав ориз и киноа)
- Мешунки
- Риба (3-4 пати неделно)
Протеините треба да бидат во умерени количини, а млечните производи, како сирењето, да се консумираат минимално. Лонго препорачува избегнување на црвено и бело месо, како пилешко и мисиркино, и намалување на внесот на животински производи.
Коментирај анонимно