„После Албанците се криви што не знаат доволно македонски“ – Бленди Ходаи со критики за содржината во учебник за петто одделение

Активистот Бленди Ходаи на социјалните мрежи реагираше за содржината во учебник по Македонски јазик за петто одделение наменет за ученици од другите заедници, посочувајќи на, како што вели, сериозни пропусти во материјалот. Тој објави фотографија од дел од учебникот и оцени дека станува збор за „резил“, алудирајќи на погрешно поставени делови од човечкото тело во илустрацијата.

„Еве што учат децата во учебникот за петто одделение по Македонски јазик за учениците од другите заедници. Каде се ушите и носот? После Албанците се криви што „не знаат доволно македонски“, а во учебникот носот завршува меѓу нозете“. – напиша тој.

 

 

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

  • ….. напиша:

    Ne ochekuvav volku nisko da padne MK!! Gi chita li nekoj uchebnicite pred da se pechatat? Ili i za toa treba vrski?

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *