Последната желба на дедото (виц)
Еден дедо лежи на смртна постела. Роднините се собрале околу него.
– Да му дадеме малку ракија, тој беше мераклија, сакаше да си потпивне – рекол синот.
– Каква ракија, тој е многу болен и треба да му дадеме една чаша домашно млеко од козата – рекла ќерката.
Ракија, млеко… додека се расправале, ги измешале во една чаша и му дале.
Старецот пивнал една голтка, ги ококорил очите и рекол:
– Да ја чувате како очите оваа коза, еј!
????????????
Коментирај анонимно