„Посветени верници“ кои се немаат бакнато по 2 години врска им враќаат на хејтерите кои сугерираат дека момчето е геј
Пар кој е заедно речиси две години откри дека сè уште не се бакнале и дека чекаат бракот да им ги спои усните инсистирајќи дека недостатокот на физички допир позитивно влијаел на нивната „урамнотежена, здрава и љубовна врска“.

Кејтлин О’Нил (22) од Литл Елм, Тексас, предизвика голема дебата на интернет откако призна дека таа и нејзиното момче Дру, по речиси две години, допрва треба да се бакнат. Таа инсистираше на тоа дека одлуката да се избегне „интимната“ интеракција ја направи нивната романса уште посилна и дека тоа „не значи дека тие не се сакаат помалку“.

Таа прво се отвори за нивниот избор во видеото на TikTok во кое одговори на некои реакции што ги доби за тоа од нејзините пријатели – и клипот брзо стана вирален, добивајќи повеќе од два милиони прегледи за неколку дена и остави многу луѓето на интернетот со поделени мислења.

„Знаеш дека можеш само да се бакнуваш, не е крај на светот“, беше еден од коментарите. Додека друг гласеше: „Во ред, но што друго правиш?“ Во следното видео, Кејтлин, која е побожна христијанка, објасни дека знае дека „не е нечиста“ и дека нема да „оди во пеколот“ ако го бакне своето момче, но рече дека „го прави тоа затоа што од нејзините лични убедувања“ и затоа што „сака да го направи она што е најдобро за неа“.

„Библијата не е многу јасна за тоа што да правите, а што да не правите со мали ситни детали – особено во односите“, објасни таа.

„Очигледно, Библијата е многу јасна дека нема секс надвор од бракот, но што се однесува до другите мали детали – како бакнување, држење за рака, сето тоа – нема јасна книга со правила. Чувствувам дека убедувањето е многу голем фактор во односите и другите мали детали од нашите животи. Мислам дека ако можеме да ги следиме нашите убедувања, тогаш секогаш ќе останеме во доменот каде господарот сака да бидеме и сака да нè води“.

„ТикТокерката“ објасни дека таа одлучила да го зачува бакнувањето за нејзиниот „иден сопруг“ бидејќи тоа е „толку интимна работа“.
Девојката вели дека тие претходно биле најдобри пријатели и кога решиле да стапат во врска се договориле за условите и таа ќе продолжи да ги игнорира коментарите дека нема да имаат физичка близина никогаш, како и посуровите коментари дека нејзиното момче има друга девојка на страна или пак дека е прикриен хомосексуалец.

Коментирај анонимно