„Потрошив 8.000 долари за да се претворам во мачка и сега многу се каам за таа глупава идеја“
Некои луѓе сакаат внимание толку многу што се подготвени да си го упропастат лицето за малку слава на ТикТок. Џолин Доусон, 29-годишна „трендсетерка“ од Голд Коуст, Австралија, призна дека денес горко жали за нејзината бизарна одлука да си го трансформира изгледот во нешто што барем малку наликува на мачка. И за ова задоволство – од кое ѝ останале лузни, болки и огорченост – искеширала околу 8.000 американски долари.
Содржина:
Болно патување кон „совршенството“ со мачешки муцки
За да си го „финишира“ мачешкиот лик, Џолин се подложила на експериментални процедури: ширење на ноздрите, нагласување јагодите, вградување на конци за затегнување. Само што телото ѝ рекло: „Не, фала.“ Филерите почнале да ѝ мигрираат по лицето, каде што не требало да бидат, предизвикувајќи болни отоци и деформации. Обидувајќи се сама да ги извади конците за затегнување, си направила лузни и лезии на образите.
„Ова отсекогаш беше наменето како маркетиншки трик и одбрав процедури што се реверзибилни, бидејќи знаев дека нема да сакам да изгледам како мачка засекогаш,“ признава Џолин за What’s The Jam.
„Не се идентификувам како мачка“ – само како некој што очајно бара внимание
Џолин отворено призна дека сè било за внимание:
„Ќе бидам искрена со вас, иако не сакам да го признаам ова – го направив само за внимание,“ вели таа.
Иако планирала процедурите да бидат привремени, желбата за повеќе кликови ја однела чекор подалеку. Резултат? Освен деформирано лице, добила и силен киселински рефлукс, затоа што филерите ѝ завршиле дури во носната шуплина.
„Мислев дека можам да туркам уште малку“, рече таа. Да, Џолин, затоа понекогаш треба да се слуша здравиот разум, а не аплаузите од непознати на интернет.
Враќање кон нормалноста – и барем малку кон самопочитта
По оваа катастрофа што сама си ја приредила, Џолин ги отстранила сите филери и импланти, и сега е „исполнета со надеж“ дека ќе си го врати здравјето.
За среќа, најмила и терапевт кој ќе ѝ помогне да работи на „потребата за валидација преку јавно внимание.“
„Свесна сум колку глупаво беше сето ова,“ се пожали таа. „Навистина претрпев многу болка поради тоа.“
На крајот, Џолин испрати еден совет што веројатно требаше прво самата да си го каже: „Само сакам да советувам никогаш да не правите експериментални процедури, ниту било какви процедури од погрешни причини.“
Коментирај анонимно