Поучна приказна: Добра или лоша карма

Двајца монаси побараа од Буда да го реши нивниот спор. Откако случајно скршија сад за донации, тие се обидоа да ги применат основите на учењето и самите да утврдат дали добрата или лошата карма е причината за тоа што се случи.

Еден тврдеше дека тоа е лошо, бидејќи само болката и уништувањето предизвикани некому во минатото може да доведат до уништување и загуба во сегашноста. Вториот веруваше дека е добро, затоа што, откако го скршија садот, беа принудени да направат нов, и благодарение на ова тие совладаа нов занает корисен за заедницата.

Откако ги слушна монасите, Буда ги однесе кај реката Ганг и ги праша:
– Што мислите, оваа река е добра или лоша река?

Реката беше света, но, секоја година многу луѓе умираа за време на поплава или во обид да препливаат преку неа. Затоа, монасите не брзаа да одговорат.

Конечно, еден од нив тивко рече:
– Тоа е само река…

Буда на тоа одговори:
– Токму така. Но што мислат тие луѓе таму што се обидуваат да се кренат со својот брод против нејзината струја повеќе од една недела?

Едниот монах рече:
– Па сигурно се многу изнервирани од моќта на реката и во нивните срца го проколнуваат нејзиниот отпор.

Буда праша:
– А оние што се разладуваат во неа? Оние што се мијат покрај брегот и можат да се исчистат?

Другиот монах додаде:
– Очигледно и се благодарни на реката, за нив тоа е многу добро!

На тоа Буда одговори:
– Значи, што ја прави реката добра или лоша, тогаш?

Монасите збунето го гледаа.

Тој продолжи:
– Целта! Се додека нема цел, реката не е ниту добра ниту лоша, таа само тече. Но штом човек има одредена цел или страсна желба што сака да ја постигне, тогаш реката стекнува некакви квалитети.

Монахот праша:
– Мајсторе, дали е исто и со кармата?

Буда одговори:
– Кармата е само закон. Го гледате како добро или лошо, во зависност од приврзаностите со кои е заматен вашиот ум. Оставете ги на брегот, а самата река ќе ве одведе до крајната цел – до ослободување.

  • Зоран напиша:

    Човек без цел во животот е река која само тече , а кармата е таа што ќе му го одреди неговото битување на овој земски свет. На добар или лош начин.

  • Масон напиша:

    Се е во фаза на релативно, битен е аголот на перцепција, но текот е конгломерат од земни и небесни закони.
    Немој да си пасивен кока треба да си активен, затоа што се тече се се менува.
    Ваш брат 1’1°

    • ПРОСВЕТЛЕН ?!? напиша:

      „Конгломерат“ …. Масон, имате соодветен збор во македонскиот јазик, кој не се однесува на Мешавина, Симбиоза и/или Сплотуање-Соединување на разни минерали како што имате наведено во Вашиот коментар.

      Но сепак сте покажале голема просветленост и префинетост во Вашата изјава. СТРАШНО !!!

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Масон Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *