Повеќе од 260 учесници ја следеа онлајн обуката на dm и „Матрона“ за ран моторен развој кај децата

Голем интерес и повеќе од 260 учесници привлече бесплатната онлајн обука на тема „Ран моторен развој кај децата: практични совети од ортопед“, која dm drogerie markt ја организираше во соработка со Здружението на граѓани за промоција и поддршка на здравјето „Матрона“, во рамки на Караванот на мајчинство.

Обуката беше наменета за мајки, идни родители и за сите заинтересирани, а ја водеше прим. д-р Иванка Стефановска, ортопед. Во текот на едукативната средба, учесниците имаа можност да се информираат за клучните аспекти на раниот моторен развој, за развојните етапи во најраниот период од детството, како и за тоа кога е потребно дополнително внимание и консултација со стручно лице.

 

Преку стручни насоки и практични совети, обуката понуди корисна поддршка за родителите во период кога правилното следење на развојот на детето е особено важно. Темата отвори простор за подобро разбирање на раните развојни процеси и за навремено препознавање на сигналите што бараат дополнителна стручна проценка.

Како дел од оваа иницијатива, учесниците добија и ваучер за 15 отсто попуст на производите од dm марката babylove, како дополнителна поддршка за секојдневните потреби на семејствата.

Обуката е дел од Караванот на мајчинство, иницијатива што dm и „Матрона“ ја спроведуваат втора година по ред, со цел да обезбедат релевантни информации, едукација и охрабрување за мајките и идните родители. По минатогодишниот циклус од 11 онлајн обуки, караванот продолжи и оваа година, отворајќи теми што се значајни за родителството и семејното секојдневие.

Годинашното издание започна со обуката „Првиот оброк: Правилни чекори за безбедна и здрава дохрана на вашето бебе“, одржана на 25 февруари, а продолжи со обуката „Мирни ноќи за целото семејство: спиење, навики и транзиции кај децата“, одржана на 23 март. Со најновата тема посветена на раниот моторен развој, Караванот на мајчинство уште еднаш ја потврди својата улога како платформа што отвора важни прашања и нуди практична и стручна поддршка за родителите.

Од dm посочуваат дека преку ваквите иницијативи сакаат да им овозможат на родителите пристап до проверени информации, релевантни соговорници и содржини што можат да им помогнат полесно да се справуваат со предизвиците на родителството.

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *