Повик до сите Македонци во Австралија: Попишувајте се масовно, да им покажеме дека сме над 200.000
Во Австралија започнува редовниот попис на населението, а македонските организации, црковни општини и активисти испратија заеднички апел до Македонците на петтиот континент јасно да го наведат своето македонско потекло. За заедницата, ова не е само статистичка обврска, туку момент во кој бројките треба да ја покажат реалната големина на македонското присуство во Австралија.

Содржина:
Австралиското биро за статистика ги опфаќа и посетителите и лицата со привремени визи
Пописот го спроведува Австралиското биро за статистика на 11 август. Во него ќе бидат опфатени сите лица што се наоѓаат во Австралија, без разлика дали живеат таму постојано, се во земјата како посетители или имаат привремена виза.
66.173 лица навеле дека зборуваат македонски дома, но проценките одат до 300.000
На пописот во 2021 година, како лица со македонско потекло биле евидентирани 111.352 жители. Македонските активисти сметаат дека реалниот број на жители со македонско потекло е значително поголем и неофицијално се проценува на до 300.000 лица. Како реална цел за овој попис се посочува надминување на бројката од 200.000.

Во формуларот треба да стојат „MACEDONIAN“ и „MACEDONIAN ORTHODOX“
Од македонските организации апелираат граѓаните внимателно да ги пополнат прашањата поврзани со потеклото, јазикот и религијата. За оние што сакаат да го наведат македонското потекло, во пописот се користат одредниците „MACEDONIAN“ и „MACEDONIAN ORTHODOX“. Годинава има и важна новина: граѓаните за првпат ќе можат да наведат до четири различни потекла, наместо досегашните две. Тоа особено им овозможува на лицата од мешано потекло да го наведат и македонското наследство. Резултатите ќе бидат значајни за статистичката видливост на македонската заедница и за планирањето на образовни, културни и други програми во Австралија.

Коментирај анонимно