Повторен вандализам и оштетување на храмот „Свети Пророк Илија“ во Миладиновци
Црковниот одбор на храмот „Свети Пророк Илија“ во населеното место Миладиновци испрати јавно соопштение до верниците и жителите, изразувајќи длабока загриженост и неверување по повод повторниот чин на вандализам и сквернавење на овој православен храм од страна на неодговорни лица.

Искршени стакла на стариот црковен објект и на помошните простории
При најновиот инцидент е причинета значителна материјална штета. Натепани и искршени се прозорските стакла на самиот стар црковен објект, како и на помошните простории во црковниот двор. Случајот веднаш бил пријавен во надлежните полициски органи, од каде се очекува брза и темелна истрага за идентификување и пронаоѓање на сторителите.

Одборот бара секое сомнително движење околу црквата веднаш да се пријави
Од црковниот одбор потсетуваат дека црквата е свето место за молитва, мир, духовно спокојство и заедништво на сите граѓани, а ваквите деструктивни чинови нанесуваат морална и материјална штета на целата заедница.
Одборот упати искрен апел до сите жители на Миладиновци, доколку забележат какво било сомнително движење или однесување околу црквата и помошните објекти, веднаш да пријават во полиција или кај членовите на црковниот одбор, со цел заеднички и одговорно да се зачува и заштити овој свет храм.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно