Позадина како на Ким Кардашијан не се прави од паштети! Келнер ја објави нејзината сметка од 576 долари во италијански ресторан, па да видиме што јадела
Уште од вчера заедно со Илон Маск (линк) заклучивме дека и ѕвездите одат на одмор каде што одиме ние обичните смртници, само што тие не носат паштети во гепекот. Судејќи по изгледот на Илон Маск сепак заспавме мирно зашто заклучивме дека барем не гладуваат.
За среќа денес излезе сметката на Ким Кардашијан и ни дозволи да ѕирнеме зошто ѕвездите не патуваат со паштети.
Па иако не можеме да ги ставиме на исто ниво Илон Маск и Ким Кардашијан, сепак можеби тој може да ѕирне во сметката на Ким и да види што треба да јаде за малку да ја подобри фигурата. Се разбира нели ако може да си дозволи сметка од 576 долари, ако тоа не е премногу ниско за него.

Келнерот кој тврди дека ги послужил Ким Кардашијан и нејзината придружба во италијански ресторан во Кернс, Квинсленд, во вторникот, за време на романтичното бегство на реалити ѕвездата со Пит Дејвидсон, ја прикачи сметката од Ким на интернет со текст дека можеби ова е дел од нејзината диета.


Тој работи во италијанскиот ресторан „Пиколо Кучина“ и тврди Ким била дарежлива и му оставила „дебел бакшиш“.
Ѕвездата која е свесна за важноста на здравјето се одлучила за низа салати.

Дел од сметката вклучува 4 капрезе салати, 2 рукола салати, брускети, 2 тартуфи од аранчини, лигњи, кватро формаџи пица, 2 маргарити пици, арабијата паста, карбонара паста, 2 порции кватро формаџи њоки, телешка шницла, лазањи и две јадења од риба.
Па на крајот очигледно и паднал шеќерот, бидејќи сметката исто така покажува дека нарачале две парчиња чоколадна торта од 16 долари и пица Нутела од 16 долари.

И покрај тоа што ја пофали мајката на четири деца за нејзината дарежливост кога станува збор за бакшишот, келнерот не ја кажа точната сума.


sdsw
Коментирај анонимно