Позитив на денот: Во болницата во Кочани за два дена родени седум бебиња

Кочани добива ретко убава и позитивна вест од Гинеколошко-акушерското одделение на кочанската Општа болница. Во изминатите два дена, на одделението по природен пат се породиле седум мајки, а на свет дошле седум бебиња.

Катерина Паниќ Мирчовска ја пренесе веста од одделението

Од Општата болница велат дека се надеваат оти позитивниот тренд ќе продолжи и во периодот што следи, со што ќе има се повеќе породувања во Кочани.
„Ова е една позитивна вест. Во последните два дена имавме седум породувања по природен пат – четири машки и три женски бебиња. Се надеваме дека ваквиот тренд ќе продолжи и понатаму и дека ќе има што повеќе породувања“, вели директорката на Општата болница во Кочани, Катерина Паниќ Мирчовска.

Тројца гинеколози се новата поддршка за идните мајки

Дополнително, значаен чекор за унапредување на здравствените услуги е и фактот што од оваа година во болницата работат тројца специјалисти по гинекологија и акушерство. Тоа претставува важна поддршка за идните мајки и за развојот на Гинеколошко-акушерското одделение.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *