Православните верници во Русија се капат за Водици, но не како кај нас

Ноќта на 19 јануари во Русија се одржа традиционалното капење на Богојавление-Водици. Луѓето низ целата земја влегуваа во ледени дупки, со препорака да се прави тоа само под надзор на спасувачите. Ледените дупки на Богојавление, обично се исечени во форма на крст, а се нарекуваат „Јордани“. Според легендата, Исус Христос бил крстен во реката Јордан на 30-годишна возраст.