Пред околу 2.300 години, во охридскиот регион се појавил воен шлем со името на антички крал, а денес се чува во Берлин

На бреговите на Охридското Езеро, пред повеќе од еден век, бил откриен необичен бронзен шлем кој претставува исклучително редок наод од античката воена опрема. На задниот дел од шлемот, со старогрчки букви, бил врежан натписот „ΒΑΣΙΛΕΩΣ ΜΟΝΟΥΝΙΟΥ“, што во превод значи „На кралот Монуниј“. Овој мал натпис го поврзува охридскиот наод со времето по Александар Македонски, кога неговите наследници и соседните владетели се судирале за превласт на Балканот.

Пред околу 2.300 години, во охридскиот регион се појавил воен шлем со името на антички крал, а денес се чува во Берлин

Истото кралско име се чита и на сребрените монети ковани во Дирахиј

Кралот Монуниј бил илирски владетел чија деjност се поврзува со периодот околу 280 година пред нашата ера. Неговото име се споменува и во античките историски извори, особено во контекст на борбите за македонскиот престол. Посебно значајни се неговите сребрени монети ковани во Дирахиј, денешен Драч, на кои било испишано истото кралско име што се среќава и на шлемот.

Истото кралско име се чита и на сребрените монети ковани во Дирахиј

Под инвентарен број 11905, охридскиот шлем денес стои во Античката збирка во Берлин

По откривањето во Охридскиот регион, шлемот подоцна завршил во Берлин и денес се чува во Античката збирка на Државните музеи. Неговата форма му припаѓа на фригискиот тип хеленистички шлемови, со подвижни штитници за образите и препознатлив врв. Иако го носи кралското име, историчарите истакнуваат дека можеби му припаѓал на војник во служба на кралот Монуниј.

Под инвентарен број 11905, охридскиот шлем денес стои во Античката збирка во Берлин

Фанула Папазоглу ги објавила фотографиите, цртежите од натписот и монетите на Монуниј

Историчарката Фанула Папазоглу објавила научно истражување посветено на овој шлем, прикажувајќи фотографии од оригиналот, цртежи од натписот и монети на владетелот. Ова откритие потврдува дека Охридскиот регион чува извонредни сведоштва од античката епоха, кои раскажуваат приказни стари повеќе од 2.300 години.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *