„Пред врата добив пакет со 1000 кондоми, „нарачани“ од „Амазон“ кои никогаш не сум ни помислила да ги нарачам. Најлошо од сѐ, ги платив 700 долари!“

Една Канаѓанка останала во шок откако „Амазон“ и оставил пакување со 1.000 кондоми на нејзиниот праг на домот – и сакале да и наплатат 700 долари.

 

 

 

„Навистина не можеме да разбереме што се случи и зошто го примивме пакетот во нашата куќа“, изјавила Џоел Англехарт од Чапло, Онтарио за „CTV“ Торонто.

Англхарт, која во тоа време била зафатена да се грижи за својот болен сопруг во болницата, сфатила дека нешто не е во ред кога добила порака од „Амазон“ дека пратката со кондоми е на пат. Претпоставувајќи дека пораката била испратена како дел од измама, го игнорирала известувањето. Но, штом забележала дека на нејзината кредитна картичка е наплатено, станало јасно дека тоа не е измама.

 

 

 

За да бидат работите уште полоши, таа првично не можела да си ги врати парите, откако „Амазон“ тврдел дека кондомите не се подобни за враќање, бидејќи се „лични предмети“.

Жената изјавила дека е засрамена и фрустрирана поради тоа што и наплатиле „многу пари“ за нешто што никогаш не би го нарачала.
„Амазон“ ја обезбеди сметката на клиентот и нивните пари се вратени“, рече портпаролот на компанијата, додавајќи дека планираат дополнително да ја испитаат ситуацијата и да ги повикаат виновници за ова на одговорност.

 

 

„Внимавајте на овие видови измами бидејќи дефинитивно има пораст на овој тип на измами и хакирања“, рече Клаудиу Попа, извршен директор на Датариск Канада.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • JoSiF напиша:

    Ми се случи истото. Без никаква нарачка добивав три недели пакетчиња шо не ги имав нарачано и не сакав да ги платам па стигнавме до суд и сеуште не е завршен процесот а за моја среќа на мојот профил немат нарачки во последните 6 месеци. Значит дека некој лопов го хаковај AMAZON и му ги украл податоците од муштериите и си го празнит магацинот. Кој платит, платил а кој не неморат.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *