Премиерот оди во посета на градинка, училиште и затворот во Идризово (виц)

Оди Премиерот и неговиот советник во посета на една државна градинка.

Влегуваат, а таму ладно, нема греење, децата се смрзнуваат, нема доволно креветчиња, условите очајни…

Премиерот му вели на советникот:

– Одвои 2.000 евра да се среди ова.

Потоа одат во едно основно училиште.

Прозорците искршени, клупите и столчињата испокршени, нема креда, нема спортски реквизити, ѕидовите неваросани…

Премиерот повторно вели:

– Тука одвои 6.000 евра за да се среди сè.

На крај одат во затворот Идризово.

Таму хаос – влага, нечистотија, смрдеа, вошки, болви, храната никаква…

Премиерот без размислување му вели:

– За Идризово одвои 100.000 евра!

Советникот зачудено го прашува:

– Господине премиере, за градинката 2.000 евра, за училиштето 6.000, а за Идризово дури 100.000 евра?

Премиерот се насмевнува и му одговара:

– Па што мислиш ти… каде ќе одиме ние после следните избори?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *