Премиерот решил лично да провери како се живее со денешните цени (виц)

Еден убав ден нашиот премиер со сопругата решиле да прошетаат низ еден скопски маркет. Застанале пред еден рафт, ги погледнале цените и се зачудиле колку поскапеле основните прехранбени производи – речиси како да станале луксуз.

На премиерот одеднаш му доаѓа тешко, очите му се полнат со солзи, а сопругата го теши. Во тој момент им приоѓа полицаец:

– Господине премиере, има ли некаков проблем?! Гледам, плачете…

– Ма ништо, ништо… Ги гледам цените и си мислам колку им е тешко на нашите пензионери, кога ништо не можат да си дозволат со толку мали пензии. Страшно е, ужас…

Во тој момент поминува еден пензионер. Го гледа расплаканиот премиер и сочувствително го прашува полицаецот:

– Аман, зошто плаче премиерот?

Полицаецот го треснува со пендрекот по глава:

– Заради тебе, пи*ка ти материна, заради тебе!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *