„Премногу сум с*кси за да излегувам на состаноци – мажите не ми приоѓаат затоа што мислат дека ќе ги одбијам“

26-годишната Лорен Батлер има проблем! Не била на состанок речиси една година бидејќи мажите никогаш не ѝ приоѓаат за да ја викнат на пијачка. Па сигурно тешко ѝ доаѓа и негативниот ефект од сето тоа, мора сама да си плаќа пијачки

„Тешко е да се биде толку секси. Мажите мислат дека сум премногу убава за да излегувам или се грижат дека ќе ги одбијам“.

 

„Кога некој размислува да излегува со мене, ги гледа моите фотографии и мислат дека имам многу опции. Тие сигурно се прашуваат: „Зошто би сакала да излезе со мене?“

Лорен верува дека мажите не само што ги заплашува нејзиниот изглед, туку и нејзината впечатлива самодоверба.

„Мажите ме гледаат како секс објект, но исто така не можат да се справат со самоуверена жена“, изјави таа.

 

Сепак, Лорен верува дека изгледот мами и многу мажи добиваат погрешна претстава за нејзината личност од нејзините популарни слики на социјалните мрежи.

„Фановите се шокирани од тоа колку сум љубезна и понизна кога ќе ме сретнат во реалниот живот“, тврди „скромната манекенка“.

 

Сепак и покрај тоа што ја фатило суша Лорен не се откажува од надежта да најде партнер.

„Мојот последен состанок беше минатото лето. Дефинитивно сум отворена за примање љубов во моментов, но не ја барам активно“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *