„Препиши, ако можеш!“ Погледнете што сѐ мораат да направат децата на Филипините за да не препишуваат на тестови

Ученици на Филипините почнаа да носат капи „против мамење“, за да бидат спречени да ѕиркаат во други тестови за време на испитите.

Наставниците во училиште во градот Легаспи им рекле на своите ученици да носат покривки за да обезбедат „интегритет и чесност“ на нивните испити, но им дале и дозвола да измислат нешто интересно кога требало да изберат што да носат.

 

 

 

Учениците создале свои домашни „уреди“ за покривање на главите од кутии со јајца, картон и други рециклирани материјали, како и маски за Ноќта на вештерките и шлемови за мотоцикли.
Мандане-Ортиз, наставничка во училиштето, изјави за „Би-Би-Си“ дека барала „забавен начин“ за да се осигура дека нема препишување за време на тестовите, додавајќи дека нејзиниот метод бил „навистина ефективен“. Сликите ги прикажуваат студентите како седат над нивните испитни трудови облечени во десетици уникатни, домашно направени „шлемови“.

 

Мандане-Ортиз вели дека првично им рекла на студентите да направат нешто „едноставно“. Таа за „Би-Би-Си“ изјави дека била инспирирана од техниката што ја видела како се користи во Тајланд.

Во 2013 година, студенти кои полагаат испити во Бангкок се прикажани како носат „ушни клапи“ – листови хартија прикачени од двете страни на главата.

Таа рече дека нејзините ученици постигнале подобри резултати на испитите оваа година и дека ниту еден од нив не препишувал. Мандане-Ортиз изјавила дека е горда на своите студенти.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *