При пукање петарди, деца запалиле дрво во паркот во Капиштец
Пукањето петарди во скопската населба Капиштец завршило со пожар во локалниот парк. Според жителите, група малолетници и помлади лица запалиле дрво, а огнот се заканувал да ги зафати блиските станбени згради и трафостаници.
Жители за „Викимедиа“ раскажале дека најпрво слушнале гласна галама и петарди, а потоа извици „Браво, браво!“ од групата тинејџери. Кога погледнале низ прозорците, забележале дека во паркот избувнал пожар. Веднаш била повикана противпожарната служба, а огнот бил изгаснат пред да се прошири.
Од фејсбук-групата „За пристоен Капиштец“ посочуваат дека ваквото однесување трае подолго време. Тврдат дека речиси секојдневно се пукаат петарди и дека, и покрај повеќекратните пријави во полицијата, проблемот продолжува. Жителите бараат надлежните да ги идентификуваат одговорните и да преземат мерки за да не се повтори ваков инцидент.
Засега нема објавена официјална полициска потврда за причината за пожарот или за идентитетот на лицата што го предизвикале.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно