„Пријател на мојот сопруг нѝ го даде НАЈОДВРАТНИОТ свадбен подарок – сите се смеат, но јас сум во шок!“

Пар младенци добиле одвратен свадбен подарок од другар, кој барал одмазда  – и сега ја споделуваат својата одвратна мака на социјалните мрежи.

 

 

 

„Посакувам ова да беше шега. Ова е најлошиот свадбен „подарок“ што може некој да го добие“, изјави невестата на популарната група за невести на „Фејсбук“, откривајќи дека еден од пријателите на нејзиниот сопруг им подарил хартиена тегла направена од залепени нокти од нозете.
По нивната свадбена прослава, невестата го открила непријатниот подарок.

„Еден од пријателите на мојот сопруг…отсекогаш ми даваше морничави вибрации“, напиша таа. „Само што го отворив подарокот што ни го даде и буквално не ми се веруваше“.

 

 

 

Тој оставил посебна белешка во обвивката, прикачена на рачно изработената структура, објаснувајќи колку напорно работел за да го изработи подарокот.

„За мојата омилена двојка. Твојот сопруг беше непријатен човек за време на интервјуто. Секогаш ги оставаше своите исечени нокти низ студентскиот дом“, напишал тој.
„Погодете кој ги собираше осум години, речиси колку што вие двајцата се забавувате?“

 

 

„Сега твојот сопруг нема да може да ги заборави деновите на факултет …и ти ќе бидеш единствената невеста во САД што има ваков подарок“, додал тој.

Многумина рекоа дека не би сакале да им се случи нешто вакво на нивната свадба.

„Искрено, би го вратила, би го испратила со картичка за благодарност и би го оставила самиот да си се чуди на шегата“, напишала една девојка на „Reddit“.

„Само целосно игнорирајте го и ако некогаш праша за тоа, постапете збунето“, додаде друг.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *