Пријателите и светот се збогуваа со Макси Џез, легендарниот пејач од „Faithless“: „Прекрасен човек, кој отиде прерано, но конечно Макси можеш да спиеш!“

Водечкиот пејач на „FAITHLESS“, Макси Џез, почина на 65-годишна возраст. Членовите на групата со „скршено срце“ споделија емотивна почит.

Легендата на денс музиката, за кој се вели дека починал мирно во сон, е запаметен како „прекрасно човечко суштество со време за сите“.

 

„Фејтлес“ споделија емотивна изјава попладнево, велејќи дека Макси им ги променил животите на многу начини. Тие зборуваа за неговиот талент внатре и надвор од студиото за снимање.

Бендот на својата „Фејсбук“ страница напиша: „Срцето ни е скршено што мора да кажеме дека Макси Џез почина синоќа. Тој беше човек кој ни ги промени животите на многу начини. Тој ѝ даде соодветно значење и порака на нашата музика. Тој исто така беше прекрасно човечко суштество со време за секого и мудрост која беше и длабока и достапна. Беше чест и секако вистинско задоволство да се работи со него. Тој беше брилијантен текстописец, диџеј, будист, прекрасно присуство на сцената, љубител на автомобили, бескраен говорник, убава личност, морален компас и гениј. Почивај во мир!“

 

 

Систер Блис, исто така, се огласи на „Твитер“ за да сподели почит.

Таа напиша: „Срцето ни е скршено што споделуваме дека Макси синоќа мирно почина во сон. Испраќам љубов до сите вас кои го споделивте нашето музичко патување. Чувајте се еден со друг“.

Надвор од „Faithless“, кој беше формиран во 1995 година, Макси настапуваше како соло уметник и имаше турнеи и соработуваше со многу други музичари.

Еден од нив беше „UB40“, кој напиша на социјалните мрежи: „Прекрасен човек, кој отиде прерано, но конечно Макси можеш да спиеш“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *