„Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска доби две номинации за „Еми“

Документарниот филм во режија на Тамара Котевска влезе во изборот за американските телевизиски награди со признанија во две категории: извонредна кинематографија за документарна програма и исклучителни заслуги во документарното филмско творештво.

„Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска доби две номинации за „Еми“

Признанието за извонредна кинематографија му припадна на кинематограферот Жан Дакар, како дел од проектот реализиран во продукција на „National Geographic“. Со тоа филмот добива уште едно меѓународно внимание во документарниот простор.

Добитниците на наградите ќе бидат прогласени на свечената церемонија. Номинациите се ново значајно меѓународно признание за Тамара Котевска, која и претходно стекна светска афирмација со своите документарни филмови.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *