Природна, без шминка и во бикини: 57-годишната Салма Хајек докажа дека годините навистина се само бројка

Салма Хајек летото го дочекува на најжешкиот можен начин. Познатата актерка сподели серија нови бикини слики со своите следбеници.

 

Салма обожава да објавува фотографии во бикини.

Во нејзината последна колекција на фотографии, Салма е видена во стилски темно сини бикини со дезени, украсени со неколку златни ѓердани. Таа на хумористичен начин напиша: „Кога твоето семејство нема да ти дозволи да направиш слика во бикини на мир“.

 

Салма често се слика на плажа и нема проблем да се покаже во секакво светло. Всушност, таа го смета за ослободувачко.

„Морав многу да ослабам и вежбам за да влезам во бикини кон крајот на минатата година. Мило ми е што се сликав многу, немам срам поради тоа, бидејќи беше првата недела од одморот“, откри таа еднаш.

 

Луѓето на интернет не можат а да не ѝ се восхитуваат.

Фотографиите на Салма веднаш добија внимание од јавноста и илјадници коментари. „Мислев дека овие фотографии се од пред 20 години! Изгледа неверојатно како и секогаш“ „…изгледате апсолутно неверојатно во тоа бикини 👙 толку инспиративно“, додаде друг.

А ние не можеме, а да не се сложиме.

  • Васе напиша:

    Што е постара, се поголеми гради има!!! Дали ова е природно или не, вистинскиот одговор мислам дека го има:
    Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија! Контакт: Бул.Мајка Тереза бр.17, 1.000 Скопје.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *