„Проблематичните“ голи жени од Дубаи, повторно уапсени во Црна Гора
Украинските модели, кои беа приведени во април од страна на полициските службеници за гола фотосесија на балкон во Дубаи, продолжуваат да ја шокираат публиката. Девојките наидоа на проблеми со законот за време на трките во Црна Гора, каде што работеа. Тие одеднаш запалија црвено-бели ракети за поддршка на Англија на Европско.
Украинскиот бизнисмен Виталиј Гречин, кој го организираше снимањето во Дубаи, повторно беше покрај моделите. Тој изјави дека полицијата силно не го одобрила настапот на девојките.
„Кога пукаа со сигнали за поддршка на Англија, полицијата се закани дека ќе нѐ затвори сите“, рече Виталиј Гречин.
Манекенките навистина беа приведени, но, според Гречин, околу стотина луѓе, вклучително и тркачи, проговориле во одбрана на убавиците. „Беше неверојатно да се види дека тие ги поддржуваат девојчињата и побараа од полицијата да престане со апсењата“, рече бизнисменот.
Покрај тоа, ова е втор пат за два дена кога манекенките се притворени во Црна Гора. Претходно, тие организирале голи трки, истурајќи вода едни на други на патот.
Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.