Професионалната голферка, Пејџ Спиранац, негира дека правела нешто на градите откако фановите реагираа дека многу ѝ се зголемиле: „Сега ќе ви ја откријам вистинската причина!“

30-годишната професионална голферка, која стана инфлуенсер, се осврна на шпекулациите за време на прашања и одговори на Инстаграм, откако следбеник ја праша Пејџ дали се „нервирала“ од луѓето што се распрашувале за нејзините гради.

 

„Не, бидејќи тие всушност станаа многу поголеми. Значи, можам да видам како многу луѓе се збунети. Отсекогаш сум имала гради, но не вака. Но, можам да видам зошто луѓето се сомневаат во тоа и понекогаш се збунети затоа што е како една недела да се тука и една недела да се таму и како следната година да се тука и како што се случува? Не знам. Не знам.Човечкото тело е магична работа“, објасни ѕвездата на социјалните мрежи во нејзината приказна на Инстаграм во средата.

 

Пејџ честопати е критикувана дека се облекува многу разголено, па дури и на теренот за голф. Но таа вели дека таа облека ѝ прави да се чувствува добро за себе. Па ти уживај Пејџ, ние ќе те гледаме како се чувствуваш добро.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *