Професор по математика ѝ праќа порака на жена му за неговата 18-годишна асистентка (виц)
Професор по математика ѝ праќа порака на сопругата:
„Драга жено,
Сигурно сфаќаш дека имаш 54 години, а јас имам одредени потреби кои ти едноставно повеќе не можеш целосно да ми ги задоволиш.
Од секој друг аспект, нашиот брак е складен, задоволен сум од тебе како сопруга и искрено се надевам дека оваа порака нема премногу да те повреди или вознемири.
По работа одам во мотел со мојата 18-годишна асистентка, но ќе се вратам дома пред полноќ.
Твојот сопруг“
Кога стигнал во мотелот, му стигнала порака од сопругата:
„Драг сопруже,
И ти имаш 54 години, а додека ја читаш оваа порака, јас сум во друг мотел со 18-годишниот келнер од блискиот бар.
А бидејќи си генијален математичар, сигурно нема да ти биде тешко да сфатиш дека 18 во 54 оди многу повеќе пати отколку 54 во 18.
Не ме чекај.
Твојата сопруга.“


Коментирај анонимно