Прогласена за „најубава жена на светот“: Австралијката Леа Халтон блесна на фестивалот Коачела и ја засени елитата

Кога стотици светски ѕвезди и инфлуенсери се натпреваруваат за внимание на легендарниот музички фестивал Коачела, една мистериозна Австралијка го украде сето светло. Леа Халтон, убавицата од Австралија, го привлече вниманието на луѓето низ целиот свет и беше прогласена за „најубава жена на светот“ од илјадници фанови на социјалните мрежи.

Австралијанката Леа Халтон ја засени ѕвездената елита на Коачела и прогласена за „најубава жена на светот“

Австралијката Леа во уникатна комбинација стана икона на Коачела во 2024 година

Иако на Коачела парадираат славните како Кајли Џенер, Хејли Бибер и Тејана Тејлор, Леа Халтон сите ги остави во сенка. Со повеќе од 22 милиони следбеници, нејзините фотографии во чипкана блуза, фустан со ниска половина, и црни чизми го земаа вниманоето. „Не, таа е вештачка интелигенција, не е возможно некој да биде толку совршен“, прокоментира еден од нејзините обожаватели на Инстаграм.

Австралијката Леа во уникатна комбинација стана икона на Коачела во 2024 година

Леа Халтон ја стекна титулата „најубава жена на светот“, рамо до рамо со француската убавица Тилан Блондо

Благодарение на безбројот коментари и милиони прегледи, Леа сега се споредува со легендарната француска манекенка Тилан Блондо, која е нарекувана „најубавата девојка на светот“ уште од својата шеста година. Но, за разлика од неа, Леа засега молчи и не се огласи поради титулата што ја доби од јавноста.

Леа Халтон ја стекна титулата „најубава жена на светот“, рамо до рамо со француската убавица Тилан Блондо

Леа: „Благословена сум, ова е мојата страст“

Откако неколку години неуморно објавува видеа на Јутјуб и ТикТок, а по еден необичен момент станала вирална, Леа им се заблагодари на обожавателите со емотивна порака: „Како што многумина знаете, веќе четири години објавувам видеа и тоа е местото каде што секогаш ќе биде мојата страст. Лудо е што овој успех се случи толку брзо. А за вас што сте нови, се надевам дека ќе уживате додека ме запознавате.“

Леа: „Благословена сум, ова е мојата страст“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *