Проста македонска логика (прв дел)

Ако мажот си го собира стомакот во присуство на жен, значи нема пари.

Ако животот е тажен, тогаш платата е смешна.

Ако вам нештата не ви успеваат од прва, подобро не се занимавајте со падобранство.

Ако се однесувате оптимистички кон животот, не значи дека и тој се однесува така кон вас.

Непознавањето на законите не те ослободува од одговорноста, освен ако не си пратеник.

Ако можеш да лежиш, без да се држиш за ништо, значи дека уште не си доволно пијан.

Ако ѝ раскажеш мрсен виц на девојка и таа не се смее, значи дека веќе го знаела.

Животот е прекрасен! Особено ако правилно си ги избереш антидепресивите.

Ако парите не ве радуваат, значи дека не се ваши.

Ако една жена се обидува да си ја зачува девственоста до свадбата, има големи шанси да си ја зачува и до пензија.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *