Првата љубов никогаш не умира: Се сретнале после 70 години и сега повторно се пар

90-годишниот Бил Хасинџер и 92-годишната Џоан Блакан од Мичиген, САД се запознале на училиште на млада возраст. Тие биле вљубени еден во друг и биле во врска се додека Џоан не завршила средно и не заминала на факултет. Подоцна се омажила за друг маж и имала три деца. Во меѓувреме, Бил служел војска, а потоа се оженил и тој имал три деца. Тој останал вдовец во 2021 година по 68 години брак.

Во 2022 година, Џоан организирала 70 годишнина од завршувањето на средното училиште. Тоа ја потсетило на нејзината прва љубов. Таа решила да го контактира Хасинџер за да дознае како се одвивал неговиот живот. Се испоставило дека дедо Бил живее во соседниот град. По телефонскиот разговор, тие се сретнале на ручек.

Бил вели дека иако Џоан остарела, таа останала блескава и весела како и пред многу децении. Набргу пензионерите сфатиле дека повторно се заљубуваат еден во друг и повторно станале пар.
„Ние сме исто толку заљубени, па дури и повеќе отколку кога бевме тинејџери“, признава Бил.

Сега парот го поминува секој викенд заедно. Играат табла, решаваат крстозбори, шетаат и уживаат во друштво. Бил и Џоан се уверени дека ќе го поминат остатокот од животот заедно. Тие планираат да се преселат во заедничка куќа или пензионерски дом во блиска иднина.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *