Првиот фосилен доказ за морски водоземец ги изненади палеонтолозите: „Ова е многу необично“
Научниците открија нешто што досега недостасуваше во приказната за еволуциjата: фосилен доказ дека водоземци можеле да живеат во солена морска вода. Ова откритие може темелно да го промени разбирањето за тоа како ’рбетниците се прилагодувале на живот надвор од копното.
„Станува збор за исклучително необичен член на оваа еволутивна гранка“, изјави коавторот на студијата и палеонтолог Рjосуке Мотани од Универзитетот во Калифорниjа, Деjвис.

Gerrothorax maritimus бил долг околу еден метар и живеел пред приближно 237 милиони години
Наречен „Gerrothorax maritimus“, овоj необичен водоземец се одликувал со рамно, збиено тело. Припаѓал на периодот на доцниот триjас и бил дел од морски екосистем во коj имало древни желки, ихтиосаури и грабливи морски влекачи познати како нотосаури.

Два речиси комплетни скелети од формациjата Фалунг покажаа дека водоземец можел да опстои во солена вода
Откритието се заснова на детална анализа на фосили пронаjдени во jугозападна Кина. За разлика од современите жаби, саламандри и други водоземци, кои речиси исклучиво живеат во слатководни средини поради пропустливоста на нивната кожа за сол, „Gerrothorax maritimus“ очигледно развил посебни адаптации што му овозможиле успешно да лови и да опстојува во океанските длабочини.
Истражувањето, обjавено во научното списание „Current Biology“, пополнува значаjна празнина во палеонтологиjата и потврдува дека пред стотици милиони години одредени водоземци успеале да се прилагодат на живот во отворено море, пред целосно да исчезнат од планетата.


Коментирај анонимно