Првиот мозочен чип за лекување депресија е веќе во черепот на првиот пациент: „Дигитална пилула“ која ослободува мали електрични импулси

Додека Neuralink на Илон Маск очекува да започне со испитувања на луѓе за шест месеци, невротехнолошка компанија откри уред кој лекува депресија и сега е во черепот на првиот пациент.

„Дигиталната пилула“ на Inner Cosmos вклучува два дела: електрода што седи под кожата на скалпот и друг дел, „полнач“, што се прилепува на косата на корисниците за да го напојува уредот. Имплантот испраќа мали електрични импулси до регионот на мозокот погоден од депресија – левиот дорзолатерален префронтален кортекс – еднаш дневно во тек на 15 минути. И надворешниот уред не треба да биде на главата кога не се спроведува третманот.

Пробниот пациент од Сент Луиз, Мисури, треба да ја тестира иновативноста на Inner Cosmos за една година, а компанијата има уште едно испитување на луѓе што треба да започне следниот месец.

 

Имплантите за лекување на сите појаси на мозокот предизвикуваат бранови во индустријата, бидејќи неколку компании се тркаат први да ги изнесат нивните на пазарот. Neuralink на Маск неодамна спроведе демонстрација на производ што го покажа својот чип во мозокот на мајмун, дозволувајќи му да контролира тастатура на екранот за да пишува целосни реченици.

„Синхрон“ започна со човечки испитувања на својот мозочен имплант во јули, што му дозволува на корисникот да го контролира компјутерот користејќи само мисла. Мозочниот имплант Stentrode, со големина на „спајалица“, ќе биде вграден кај шест пациенти во Њујорк и Питсбург со тешка парализа. Stentrode ќе им овозможува на пациентите да ги контролираат дигиталните уреди само со размислување и ќе им даде можност да ги извршуваат секојдневните задачи, вклучувајќи праќање пораки, е-пошта и купување преку Интернет.

Се верува дека болницата Саутмед во Бристол е првата во светот која вградила уред за отстранување на симптомите на Паркинсоновата болест. Сепак, дигиталната пилула на Inner Cosmos е најмалата и најмалку инвазивна технологија досега – имплантот е со големина колку еден денар. И компанијата го споредува надворешниот под со полнење на Apple Watch. Операцијата за имплантот трае 30 минути во амбулантска установа.

Inner Cosmos е основан од претприемачот Мерон Грибец, кому како дете му бил дијагностициран синдромот дефицит на внимание.

„Нашата мисија е да создадеме свет кој ќе ја обнови когнитивната моќ на човештвото преку ребалансирање на човечкиот ум. Светот е во состојба на сериозно растројство, што доведува до нарушена когниција. Ефектите ги чувствуваат милиони, што доведува до зголемено ниво на депресија. Веруваме дека нашиот пристап може да ги ублажи животите на оние кои страдаат од депресија, и на крајот да се прошири на други когнитивни нарушувања. Целта на Inner Cosmos е да се оддалечиме од лековите на рецепт и да се стремиме кон поефективен третман. Депресија, концентрација и анксиозност, кои ќе ги третираме. Само да нагласам, годишно има 140 милиони Американци кои користат лекови за концентрација или депресија, што е повеќе корисници отколку што имаат iPhone-и“, рече Грибец во презентацијата во 2022 година.

Дигиталната пилула Inner Cosmos се напојува со апликација за паметни телефони, која исто така прикажува графикони за расположение и депресија кои може да се споделат со лекар. Грибец рече дека ова е прв пат лекарите да имаат пристап до овој тип на податоци, „заштедувајќи на здравствената индустрија милијарди за погрешна дијагноза на тешка самоубиствена депресија“, рече тој.