Психоделична супстанција од отровот на жаба може да помогне во лекувањето на депресијата, откриваат научниците

Соединение што некогаш беше поврзувано со сензационалистички приказни за халуцинации денес влегува во клинички протоколи како можен третман за луѓе кај кои класичните антидепресиви не помогнале. Научниците го испитуваат како синтетизирана супстанција во спреј за нос, со резултати што покажуваат брзо намалување на симптомите по само една тераписка сесија.

Психоделична супстанција од отровот на жаба може да помогне во лекувањето на депресијата, откриваат научниците

Од американските приказни за „лижење жаби“ до 5-MeO-DMT

Во доцните 1980-ти и раните 1990-ти години, сензационалистички медиумски извештаи за бизарен тренд на „лижење жаби“ со цел халуцинации се ширеа низ Америка. Колку овој феномен навистина бил масовен во реалноста е тешко да се каже, но луѓето набрзо сфатија дека супстанцијата 5-MeO-DMT, која природно се излачува од жлездите на речната жаба од Колорадо (Incilius alvarius), е еден од најмоќните природни психоделици во светот.
По повеќе децении затишје, модерната психијатрија денес повторно се сврте кон ова соединение, но овојпат со строги научни методи и клинички протоколи во потрага по ефикасен лек против депресија отпорна на класични антидепресиви.

Од американските приказни за „лижење жаби“ до 5-MeO-DMT

AtaiBeckley го внесе мебуфотенинот BPL-003 во втора фаза на тестирање

Како што пренесува научниот портал „Сајенс Алерт“ (ScienceAlert), истражувачите од компанијата „AtaiBeckley“ неодамна ја завршија втората фаза од клиничките испитувања со синтетизирана верзија на ова соединение, наречена мебуфотенин (BPL-003), администрирана директно како назален спреј за нос.
Наместо неконтролирана употреба на природен отров, станува збор за лабораториски добиена супстанција, испитувана според медицински стандарди и под надзор на истражувачки тим.

193 пациенти и ефект уште првиот ден по 8 и 12 милиграми

Во двојно слепата рандомизирана студија учествувале возрасни пациенти со дијагностицирана клиничка депресија кај кои претходните конвенционални терапии не дале резултати. Научниците открија дека наведените дози довеле до брзо и статистички значајно намалување на депресивните симптоми веднаш по земањето на лекот.
Што е уште поважно, терапевтскиот ефект траел дури три месеци по само една единствена тераписка сесија. За разлика од псилоцибинот од печурки, кој предизвикува психоделично патување што трае помеѓу шест и осум часа, дејството на спрејот од жабји отров трае помалку од два часа. Тоа им овозможува на пациентите да се вратат дома истиот ден без потреба од болнички престој.

„Засега немаме податоци што се случува по три месеци“

И покрај ветувачките резултати, дел од независните медицински експерти повикуваат на претпазливост. Д-р Читарањан Андраде од Националниот институт за ментално здравје и невронауки во Индија истакнува дека во просек симптомите се подобриле за околу 30 проценти кај третираната група во споредба со плацебото.
„Пациентите со тешка депресија бараат долготрајно одржување на терапијата. Засега немаме податоци што се случува по три месеци и дали пациентите ќе мора редовно да го повторуваат третманот“, појаснува д-р Андраде.
Истражувачкиот тим веќе најави трета фаза на клинички тестирања во која ќе учествуваат стотици пациенти ширум светот, надевајќи се дека овој брзоделувачки спреј за нос наскоро ќе добие официјално одобрение од здравствените регулатори како нова ера во лекувањето на тешките душевни нарушувања.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *