Работа од соништата: Инфлуенсер, кој поседува милиони, бара СЕКРЕТАРКА, која ќе патува со него и ќе биде платена и повеќе од одлично!
Инфлуенсерот Мет Лепре бара секретарка, која ќе патува низ светот со него и ќе добие плата во тој процес.

Претприемачот за е-трговија, патувал во повеќе од триесет земји во изминатите пет години и бара личен асистент за да му помогне со административните должности на патот.
„Патував без престан, се среќавав со секакви клиенти, им помагав да го развијат својот бизнис. Барам десна рака која ќе може да ми помогне при моите патувања“, рече тој во изјавата.

Иако не е потребно претходно искуство, успешниот кандидат мора да има страст за патување, флексибилен распоред и силно внимание на деталите. Лепре се надева дека оваа можност ќе го оствари сонот на некоја среќна личност.
„Решив дека можам да им покажам на другите како можат да го скршат секојдневието и да им дадам живот и флексибилност за кои сонувале“.

Уште во 2020 година, Мет упати отворен повик за Австралиец без работа да работи како негов виртуелен личен асистент, кој ќе добива 52.000 долари годишно за да работи целосно од дома.
„Пораснав во западните предградија на Сиднеј потпирајќи се на оброците од Армијата, бидејќи мојата самохрана мајка не можеше да си дозволи намирници, па за жал можам да се поврзам со тешките времиња со кои се соочуваат луѓето“, изјави тој.

„Најмалку што можам да направам е да дадам работа на некој кој можеби е без работа во моментот и сака да работи од дома“.
Кандидатите заинтересирани за позицијата личен асистент можат директно да аплицираат за позицијата преку веб-страницата на Мет .

Коментирај анонимно