„Работам бесплатно по маркети затоа што обожавам да чистам тоалети“ – Медисон има чудно хоби, кој ќе ја земе ќе се усреќи
Помислата на чистењето изметот и нечистотијата од подовите во јавните бањи не е популарна забава за повеќето луѓе. Но, една жена ја започнува новата година посветувајќи го своето слободно време на разубавување на тоалетите, полиците и ходниците на „жешките точки“ со голема фреквенција во маркетите.
„Работев во случаен Таргет маркет бесплатно. Стигнав таму во 13:00 спремна за работа“, напиша Медисон.
„Тоалетот беше навистина валкан“, рече модерната Пепелашка додека со голи раце бришеше. „Но, не грижете се“, извика таа, „јас ја исчистив“.
И ова не е прв пат Медисон да го прави ова. Во декември, Медисон помина 9 часа чистење на Walmart пред Божиќ.
Таа, исто така, ја насочи својата „фенг шуи остроумност“ кон јавните тоалети на рестораните Попајс и Тако Бел, украсувајќи го секој тоалет за брза храна – вклучувајќи пластични новогодишни елки и знаци на кои пишува: „Have a nice poop.“.

Коментирај анонимно