„Работам во бордел- мајки понекогаш ми ги праќаат своите синови за да им ја одземам невиноста“

Лиценцирана сексуална работничка открила дека се случувало мајки да и плаќаат за да им ја одземе невиноста на нивните синови.

Ариел Литл (33) работи во „Chicken Ranch“, легален, лиценциран бордел во Пахрамп, Невада.

 

 

 

„Мајките ми ги испраќаат своите синови пред Денот на вљубените за да го добијат своето прво искуство“, изјави Литл за „Кенеди њуз“.

„Тие сакаат да се погрижат нивното дете во суштина да не стане огорчено и негативно кон жените. Тие стапуваат во контакт затоа што нивните деца никогаш не се поврзале со жени од која било причина“.

Таа објасни дека некои од овие мажи се интровертни и никогаш не започнале со запознавање или сексуален живот.

 

 

Таа ги поздравува мајките кои закажуваат состаноци со неа за своите синови „додека тоа е консензуално и лицето е свесно дека тоа е она што го добива како подарок“.
За да им помогне на овие мажи да влезат во светот на врските, сексуалната работничка организира пробен состанок „за да ги подготви со вештините што ќе им бидат потребни за да бидат во успешни врски во иднина“.

„Имав момци кои се тресат на првиот состанок,  некои од овие господа не се ни бакнале никогап“, рече Литл.
„Мислам дека е навистина корисно да се има првото искуство со некој кој е поискусен, бидејќи нема да има никаква пресуда. Имам прилично добро чувство за тоа како да ги натерам луѓето да се релаксираат и да ги надминат своите проблеми“.

 

Таа објасни дека забележала дека многу невини мажи на возраст од 30, 40 и 50 години ги преиспитале своите приоритети за време на пандемијата, одлучувајќи да се обидат да го доживеат своето прво сексуално искуство.

Сепак, не сите клиенти на Литл се невини мажи.

„Гледам мажи од сите возрасти, од оние на возраст од 21 година како се почестуваат со подарок за 21 роденден на мажи во нивните 70-ти“, рече Литл.

„Мажите во нивните 70-ти години ја загубиле својата партнерка и не сакаат да влезат во друга долготрајна врска, но сепак сакаат да имаат интимност и значаен сексуален живот“, објасни таа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *