Рамче со нерегистрираната Лада и полицајците (виц)

Надрвор зима, снег, студ, крв капе. Двајца полицајци чекаат на улица каде што нема камери од Сејф Сити. Се стуткале, испомрзнале, нервозни и запираат една кола. Едниот нервозно му вели на возачот:
– Не ме интересира ни регистрација, ни возачка, ни дали си пијан. Премрзнавме тука како кучиња, затоа излегувај од автомобилот почнувај да мочаш во снегот. Ако успееш да напишеш Сообраќајна полиција, слободен си. Ако не, плаќај 100 евра.
Возачот почнал да пишува, стигнал до Сообра… не можел повеќе и си платил 100 евра.
Запираат следен возач и истото. Возачот излегол, почнал да пишува, стигнал до Сообраќајна пол… и си платил 100 евра.
Си вози Рамче со нерегистрирана Лада по улици каде што нема камери, кога наеднаш наидува на двајцата полицајци. Го запираат и него и истиот муабет:
– Не не интересира што Ладата нема регистрации, што ти немаш возачка. Излегувај надвор и почнувај да мочаш во снегот. Ако напишеш Сообраќајна полиција, слободен си. Ако не, плаќај 100 евра.
Рамче се поднасмеал и му вели на полицаецот:
– Нема гајле господин полицај, има матерјал, ќе пишуем и Сообраќајна полиција на Република Македониај, само има еден малечок проблем. Ќе мора еден од вас да го држи пишалото, зошто јас сум неписмен.

  • Nikola Mitrevski напиша:

    Ni pisaloto neznaat da go drzat pravilno dgandarite vo Makedonia.

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Nikola Mitrevski Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *