Раперот Дрејк на балкански начин, со гумена папуча, му се спротивстави на сомнителен дрон што слета во неговиот двор

Канадскиот рапер Дрејк, кој моментално е во Сиднеј како дел од својата турнеја „Anita Max Win”, доживеа неочекуван инцидент во својот луксузен пентхаус во „Crown Sydney“.

Додека се одмораше, на неговиот балкон се појави дрон кој неколку секунди лебдеше пред лаптопот и чашата розе вино. Забележувајќи го натрапникот, Дрејк брзо посегна по својата портокалова папуча и ја фрли кон летечкиот уред. Иако не успеа да го погоди, дронот веднаш се оддалечи.

Видеото од овој момент, споделено на „Instagram“, предизвика бројни реакции, а некои следбеници шпекулираа дека станува збор за промотивен трик поврзан со „Stake“, онлајн казиното со кое Дрејк соработува.

 

 

Покрај неочекуваните дрон-ситуации, Дрејк привлече внимание и со својата дарежливост. За време на концерт во Сиднеј, тој забележа натпис во публиката на кој пишуваше „Помогни нѝ да дадеме отказ од Maccas“ – популарното австралиско име за McDonald’s.

 

Воодушевен од пораката, Дрејк во шеговит австралиски акцент рече дека е подготвен да помогне и најави дека ќе им даде 30.000 долари за да можат да ја напуштат работата.

Неколку дена претходно, на концерт во Мелбурн, Дрејк направи уште еден несекојдневен гест – на барање на трудна обожавателка, го откри полот на нејзиното бебе пред целата публика, а потоа ѝ подари 50.000 долари, што предизвика громогласни аплаузи.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *